А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ е единствениот кој суштински се грижи за интересите на граѓаните и државата

by А1он07/12/2012 - 14:55166
Share0

„Вчера бевме лажно обвинети дека, спротивставувајќи се на најновото задолжување, наводно ги загрозуваме интересите на граѓаните и наводно се конфоронтираме со Светска банка.

Добивај вести на вибер

– Јас овде јавно сакам да кажам дека тоа е апсолутна невистина. Напротив, во оваа ситуација, изгледа дека СДСМ е единствениот кој суштински се грижи за интересите на граѓаните и на државата.

– Прво, да ги расчистиме дилемите околу комуникацијата со Светска банка. Нашето писмо е испратено ПОСЛЕ соопштението до медиумите од локалната канцеларија на Светската банка, што значи дека тоа нивно соопштение никако не може да биде одговор на нашето писмо. Но дури и да беше така, ние сме целосно убедени во исправноста на нашите ставови и подготвени сме во секое време да разговараме на овие теми со секој оној кој и мисли добро на државата и на граѓаните.

– Второ што сакам да појаснам е причината зошто ние реагираме вака. Треба на сите да ни биде јасно: Македонија забрзано се движи кон економска ситуација која по многу параметри непријатно наликува на грчкото сценарио. Ако не направиме нешто веднаш да запре сегашното неодговорно однесување на власта, таквото сценарио ќе стане неизбежно.

– Ако и ова најново задолжување помине, власта комотно ќе може и овие пари да ги потроши за нови реклами, споменици или избори.  Видовме како завршија 220-те милиони евра од ММФ, позајмени два месеца пред избори. СДСМ не сака и не смее да го дозволи тоа, пред се имајќи ги предвид интересите на граѓаните и добробитта на нашата држава.  Затоа, велиме стоп.

– Нема повеќе непродуктивни задолжувања.  Ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање и ќе направиме се за да запре оваа погубна политика, и да се спречи грчкото сценарио во Македонија.

– Целосно сме убедени дека ова е единствениот начин да се спречи влошувањето на економската состојба во државата и дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните и на државата, и затоа настапуваме со чиста совест. Да имаше партија во Грција која пред 6, 7 или 10 години на ваков начин ќе предупредеше и ќе вклучеше аларм за неодговорното задолжување и трошење на државата, можеби Грција денес немаше да дојде до ова дереџе.

– Нема кој друг да биде позагрижен за нашата иднина од нас самите.  Ние мора да научиме еднаш засекогаш да се грижиме сами за себе и дека никој нема однадвор да дојде и да ни ги реши проблемите. Да не заборавиме, на крајот, ние ќе ги враќаме долговите“, изјави Зоран Јовановски.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски03/07/2025 - 21:2903/07/2025 - 22:05

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Горан Наумовски03/07/2025 - 15:46

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он02/07/2025 - 21:0902/07/2025 - 21:10

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он02/07/2025 - 20:33

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он02/07/2025 - 17:01

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

Горан Наумовски02/07/2025 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен