СДСМ: Два месеци молк за милионите на медиумските курири   

Од:

„Поминаа два месеци дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.
 
Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.
 
И институциите 59 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионски суми на нивното салдо.
 
Дали со пари на граѓаните се плаќа креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата?
 
Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.
 
Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.
 
НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.
 
Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
 
Граѓаните дознаа дека сопственик на Прва Република ДООЕЛ е “Ирсине лимитед” од Белизе, познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски. Оваа фирма сопственик на Република се наоѓа на истата адреса со познатата компанија „Сирах лимитед“.
 
Вистината за Македонија откри дека Сирах лимитед е фирмата преку којашто Груевски доаѓаше до парцелите на Водно, за коишто нарачуваше промени на урбанистичките планови, портпотни бетонски ѕидови…
 
Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

13 милиони евра пари на граѓаните завршиле за Сител, Канал 5 и Алфа. 
 
Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа.
 
Ова е една од причините зошто не е можен фер и регуларен предизборен и изборен процес“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“