СДСМ: ДУИ да престане да го партизира јавното здравство и да се подготви за одење во опозиција

Од:

„Демократската унија за интеграција мора да престане да го партизира здравството. Наместо да организираат протести подобро е овие 15 дена до изборите да ги искористат да направат 4-годишен план за реформа и демократизација на својата партија. Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија.

ДУИ треба да сфати дека довербата кај граѓаните се гради низ годините, а не со евтина национал-популистичка пропаганда во последните 15 дена пред изборите“, велат од СДСМ.

„Време е и ДУИ и сите останати политички субјекти да се издигнат над партиските интереси.

Здравјето на граѓаните, одржувањето на стабилен здравствен систем, се поважни и повредни од нивната желба за партиско профитерство.

Кој ќе ги предводи институциите во следните четири години одлучуваат исклучиво граѓаните, не одлучува ДУИ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога