СДСМ: Државните институции на ВМРО-ДПМНЕ нека повелат во општина Струмица

Од:

Граѓаните се прашуваат разбира ли воопшто ВМРО-ДПМНЕ што се државни инистутции и како не можат да направат разлика што е партија, а што државна институција, велат од СДСМ.

„Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ единствена институција е нивниот Центар за комуникации. Оттаму обвинуваат таму пресудуваат.

Наместо прес конференции на кои се вадат стари обвинувања, државните институции, под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, нека повелат, вратите на општина Струмица им се отворени.

СДСМ по којзнае кој пат прашува кога Никола Груевски ќе одговори:

Дали е непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?

Дали Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?

Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?

Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови“, се вели во писмената реакција на СДСМ на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија