СДСМ: Драконската казна за Бошковски е нов доказ за целосно нарушениот кредибилитет на судството

Од:

Кривичниот суд денеска драконски го казни Љубе Бошковски и останатите обвинети, во судски процес за којшто постојат сериозни сомнежи околу текот на постапката и за кој Апелациониот суд ја укина првичната пресуда.

Ваквите пресуди се нов доказ за целосно нарушениот кредибилитет на судството во Република Македонија и оставаат простор за сериозен сомнеж дека драконската казна за Љубе Бошковски е уште една политичка санкција.

Контролата на власта врз судството, констатирана во Извештајот на американскиот Стејт департмент, како и од други меѓународни институции, ја прави Македонија единствена држава во Европа во која има политички затвореници, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски