СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Од:

ДПМНЕ, освен рацете во медот, не знае ништо друго.

Општина Битола, под капатата на ДПМНЕ набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра.

Иста машина е набавена и од ДПМНЕ во Општина Велес по нешто пониска цена од околу 42.000 евра.

Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.

Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.

Прашање е во чии џебови завршила разликата.

Овие астрономски суми се пари на граѓаните и токму затоа одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини од страна на ДПМНЕ, мора да има, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?