СДСМ: ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина

Од:

ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина. Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Груевски? Токму тоа го нуди ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации, се вели во соопштението од СДСМ.

-Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени. Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ. Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор. СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски