СДСМ: ДПМНЕ нема план, ние имаме опција која носи надеж и европска иднина

Од:

ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промена. Која е алтернативната визија на ДПМНЕ за Македонија, како ќе ја реализираат, не кажуваат, бидејќи немаат план за иднината. Единствена цел и визија им е да дојдат на власт, а како ДПМНЕ ја практицира власта, се виде изминатите 2,5 години со хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначалниците од оваа партија ширум државата, се вели во писмената реакција на СДСМ.

– СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. Борбата за европска македонска иднина продолжува, нема откажување. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина. Граѓаните одлучуваат дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата. Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Не заборава како владееше ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски. Граѓаните знаат дека СДСМ е синоним за напредок и просперитет, а ДПМНЕ е синоним за безнадежност и стоење во место – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Колку чини чаната на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски