СДСМ: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Од:

БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите штетни одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат поделби и тензии меѓу граѓаните, да го загрозат соживотот и меѓусебното разбирање. Бараме од коалицијата БЕСА – ДПМНЕ во Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верско обележје на Поповска Шапка вели членката на Извршниот одбор на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска.

– Провокации или неодговорно преземање некакви дејствија може да предизвикаат тензии и поделби меѓу граѓаните со сериозни последици. На Попова Шапка не станува збор за објект туку за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир. Подгревање раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните е на директна штета на сите граѓани во Тетово, на соживотот и меѓусебното разбирање и почитување. Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да покажат одговорност, да покажат дека граѓаните им се поважни од нивните партиски интереси. Граѓаните ги повикуваме на смиреност, да не подлегнуваат на провокациите на БЕСА и ДПМНЕ а институциите на будност и навремена реакција во рамки на надлежностите, вели Ценовска Церафимовска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ