СДСМ: ДПМНЕ ги брани министрите на Таравари, но не гласаше за своите министри

Од:

ДПМНЕ е партија на феномени во светски рамки со целосно загубен политички компас. Кога требаше да гласаат за своите министри во техничката влада, не ги гласаа, не ги бранеа, велат СДСМ во своето партиско соопштение и додаваат:

„Целата дискусија во македонското Собрание за изборот на техничката Влада помина со еден говор на еден пратеник и заврши за само некој час. Но затоа пратениците на ДПМНЕ вчера ревносно ги бранеа министрите на Таравари кои беа разрешени.“

Така, СДСМ прашува: Зошто ДПМНЕ за своите министри не кажа ниту збор?

Во продолжението на соопштението се вели дека ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат на државата, а нема став која е алтернативата, без членство во ЕУ.

ДПМНЕ се противеше на Францускиот предлог, на пратениците на ДПМНЕ немаа став, па не гласаа кога овој предлог, беше ставен на гласање во Собранието, пишува во соопштението.

„Ширеа лаги и сееја став меѓу граѓаните за асимилација и бугаризација, за губење на македонскиот јазик, а, како што се без став, не гласаа во парламентот за договорот Фронтекс. Не сакаа во техничка влада, па и се придружија. Предложија свои министри, па не ги гласаа. ДПМНЕ е политички феномен“, го завршува СДСМ своето соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби