СДСМ: ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП

Од:

Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години го уништи јавниот градски превоз. ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП. Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ а нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира. Советниците од ДПМНЕ, кои го имаат мнозинство во Советот и се локална власт, се противea на одлуката за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието, се вели во соопштението на СДСМ.

– Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар…Сето тоа е резултат на неспособноста на ДПМНЕ. Проектот за брз, еколошки и современ транспорт, познат како БРТ го закочи токму ДПМНЕ. После Скопје 2014 ДПМНЕ му приреди уште една катастрофа на главниот град. Глас за ДПМНЕ ова значи, хаос, уназадување, блокирање на важни проекти и стагнација – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ