СДСМ: ДПМНЕ е против 662 милиони евра да завршат кај народот, тие се против пензионерите, студентите, учениците, компаниите

Од:

Воопшто не е изненадување што ДПМНЕ е против новиот деветти пакет антикризни мерки со кој 662 милиони евра завршуваат кај граѓаните, пензионерите, учениците, студентите, ранливите, компаниите. ДПМНЕ не сака парите, 662 милиони евра да завршуваат кај граѓаните, тие мислат само на своите џебови. ДПМНЕ беше против помошта за народот во време на криза. Среде економска криза ДПМНЕ ги блокираше антикризните мерки во Собранието со „активна блокада“, велат од СДСМ.

-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата. ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите за работниците. ДПМНЕ работниците ги третираше како евтина работа сила и затоа просечната плата беше околу 20.000 денари а со СДСМ сега е над 37.000 денари. Затоа и впрочем во време на ДПМНЕ минималната плата беше 8,000 денари а сега е 20.175 денари. Со ДПМНЕ нема мерки за помош на граѓаните, и како локална власт удираат по џебот на народот. Наместо мерки за граѓаните, локалните власти на ДПМНЕ ги покачија комуналните услуги за 100%, за 300% ги покачиме сметките за данок на имот, за паркинг, погребални услуги, вода, ѓубретарина…Јасно е како ден, СДСМ се грижи за граѓаните и никој нема да биде оставен сам. Пакетот антикризни мерки вреден 662 милиони евра се огромна поддршка за граѓаните и компаниите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Со мерките се опфаќаат 120.000 млади лица, ученици и студенти, над 74.000 социјално ранливи граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, над 70 000 компании. Нека излезе ДПМНЕ и на сите овие луѓе нека им каже дека во лице дека тоа не го заслужиле – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината