СДСМ: Груевски и соработниците извршија финансиско злосторство и ќе одговараат!

Од:

Никола Груевски и неговите послушници и соработници попладнево го извршија најголемото финансиско злосторство во историјата на Република Македонија и за тоа ќе одговараат!

Незаконски, според досега достапните информации е издадена еврообврзница на износ од 550 милиони евра!

Каматата за ова најново задолжување што ќе треба да ја плаќаат граѓаните изнесува 5.875%.

Во услови на економски раст од 2%, камата од 5.875% за средства што ќе се користат само за непродуктивни и криминални цели, ја води економијата на Македонија во финансиски колапс.

Да ги почитуваа законите и да го прифатеа укажувањето на СДСМ да се издаде еврообврзница согласно постапката од ноември 2015 година, камата сигурно ќе беше помала.

Вкупната сума што ќе треба да ја отплаќаат идните генерации изнесува 776.2 милиони евра!

Јавниот долг на Македонија од денеска изнесува 5 милијарди евра или 54% од БДП и тоа без скриените долгови.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија по промената на власта на сите можни начини ќе се обиде да ја оспори легалноста на ова задолжување.

Еврообврзницата е издадена без правно мислење на Министерството за правда.

Издавањето на еврообврзницата е во момент кога сеуште не е изгласан предложениот ребаланс на Буџетот.
Во сеуште актуелниот Буџет, во ставката приливи од странски заеми се предвидени само 370 милиони евра за цела 2016 година.

Никола Груевски од јули 2014 година до денес три пати ги задолжи граѓаните со еврообврзница. При секое издавање, образложението беше дека средствата ќе се користат во наредните две до три години. Повторно ги лажат граѓаните, бидејќи со ребалансот на Буџетот, во ставката Депозити не планираат да пренесат средства во 2017 година.

Вакво расипничко и неодговорно управување со јавните финансии не е забележано во ниедна европска држава.

Со издавањето на еврообврзницата прекршени се членовите 45,46 и 47 од Законот за Влада, Договорот од 2 јуни/15 јули 2015 година, членот 18 став 6 од Законот за јавен долг, како и членот 353 од Кривичниот законик.

Ниту едно раководно лице, кое на кој било начин учествувало во ова финансиско злосторство нема да биде амнестирано.

Се разбира најголемата одговорност ќе ја сносат Владимир Пешевски и Кирил Миноски како главни извршители на делото и Никола Груевки како негов нарачател.

Нема да дозволиме последиците од клиентелизмот, криминалите и расипничкото однесување да ги трпат нашите деца. Секој денар ќе биде вратен.

Во престојниот период СДСМ ќе ги искористи сите механизми да спречи непродуктивни трошења на овие пари од најновото задолжување.

На следните фер избори граѓаните ќе ја испорачаат сметката на Никола Груевски и неговата расипничка власт и меѓу Груевски и Македонија ќе ја изберат Република Македонија, соопштија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Барањето за еврообврзницата во Правда стигнало два дена по констатираната оставка на Тупанчевски

Димитриеска Кочоска: Откажувањето на еврообврзницата го сруши угледот на земјата

Словенија издаде еврообврзници со рок на враќање од 60 години

Жарко Настоски

ЕУ ја издаде втората обврзница за помош на работниците во висина од 14 милијарди евра

Жарко Настоски

Mакедонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675 отсто

А1он

Спасовски: Очекувам успех во издавањето на еврообврзницата

А1он