СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари

Од:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.Помош и поддршка за ранливите категории останува наш врвен приоритет од кој не отстапуваме велат во соопштение од СДСМ.

– За таа цел, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци. Дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување со овие измени. На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он