СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Од:

Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и Обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението до СДСМ.

„Со месеци СДСМ предупредува дека судството и Обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри. Сопруга на ексградоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд.

Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек. Шефот на обвинителот, кој побара куќен притвор за Груби, беше избран на оваа функција во скопското Јавно обвинителство пред еден месец. Кому веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано Обвинителство и судство, кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?