СДСМ: Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше да изгради клинички центар тоа ќе го направеше

Од:

СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ наведува дека доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сакаше да изгради нов современ клинички центар, тоа и ќе го направеше, но наместо тоа нов Клинички центар, остави само тараби пред кои лажеа Никола Груевски и Никола Тодоров.

– Колку ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров се грижеле за здравството докажува и фактот што Клиничкиот центар во Скопје цели 10 години не плаќал вода, што клиниките работат во катастрофални услови, со застарена опрема и без соодветен кадар, истакнуваат во реакцијата.

Додаваат дека доколку навистина ги интересираа потребите на граѓаните, Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ немаше да потпишуваат сомнителни договори за изградба само на интерни клиники, а не и на комплетен Клинички центар.

Владата предводена од СДСМ, посочуваат, ќе изгради нов модерен Клинички центар по светски стандарди, а на сегашната локација ќе се изгради Дијагностички центар со лаборатории. – Пациентите, повеќе нема да бидат препраќани од клиника во клиника, да шетаат низ ходници и да бидат оперирани во фоајеа на клиниките како што беше во времето на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта