СДСМ: Доколку сакаше ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да обезбеди објекти за училиштата во Кисела Вода

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ацо Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една деценија ја имаше власта во општина Кисела Вода и Град Скопје и доколку сакаше, досега имаше можност да обезбеди нова училишна зграда за средното земјоделско училиште и нова спортска сала за училиштето „Рајко Жинзифов“, но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на лажен барок, споменици и криминални тендери за сопствено богатење.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, локалната власт во Кисела Вода предводена од СДСМ преку одговорно, домаќинско и транспарентно работење, ги решава напластените проблеми создадени од ВМРО-ДПМНЕ и спроведува низа на проекти преку кои се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани. Во првите месеци од мандатот новата локална власт предводена од СДСМ започна со стабилизирање на општината, решени се околу 3000 предмети за легализација, исчистени се депониите, а општината е отворена за граѓаните.

СДСМ, како на локално, така и на централно ниво продолжува со посветено и одговорно спроведување на мерките што обезбедуваат инвестиции, развој и квалитетен живот за сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО