СДСМ: Договорот за добрососедство е во интерес на Република Македонија

Од:

„Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија се неосновани.
Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е во согласност со националните и државни интереси на Република Македонија.

Тоа што целиот демократски свет го поздравува Договорот како значаен исчекор кон евро-атланските интеграции и го истакнува значењето за регионалната и меѓународната позиција на Република Македонија, а само ВМРО-ДПМНЕ неосновано е против, ги оживува политиките на оваа опозициска партија за поделби и изолација.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и да ги напушти политиките на изолација, конфликт и поделби во кои со години е заробена и да даде поддршка на политиките што обезбедуваат пријателство, соработка, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО што истовремено е и врвен државен и национален интерес“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Никола Сребров, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста