СДСМ: Договорот не е удар врз правото на самоопределување, тој го гарантира македонскиот идентитет

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговорност и да го поддржи Договорот којшто е во согласност со државните и националните интереси и којшто се става крај на 25 годишниот спор што ја влеше Македонија надолу.

Договорот ниту е штетен ниту пак е удар врз правото на самоопределување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Сосема спротивно, Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Целиот демократски свет дава силна поддршка за решението на овој долгогодишен спор.

Дури и Европската народна партија (ЕПП) кадешто членува и ВМРО-ДПМНЕ го поздравува Договорот и повикува на конструктивност од сите политички партии.

ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка на Договорот којшто ги штити нашите интереси, го обезбедува идентитетот и ги отвора перспективите за полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат