А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Договорот ја обезбедува иднината и ќе биде потврден од граѓаните на референдум

by А1он22/06/2018 - 15:39258
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека е во тотална конфузија. Целокупното нивно дејствување се заснова на лицемерни напади без аргументи, лажни информации и контрадикторни ставови којшто се менуваат со секој јавен настап.

Добивај вести на вибер

До вчера ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицкоски зборуваа дека идентитетот е стекнато право, а денеска велат дека со Договорот се менува идентитетот. Тоа само покажува во каква конфузија се наоѓаат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Мицкоски.

Договорот постигнат со Грција, како официјален документ е целосно јасен: Македонец, Македонка, македонски јазик, македонско, македонска, се официјално усвоени термини и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува. Со ова, идентитетот се зајакнува и се гарантира еднаш засекогаш.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека после 25 години спор од кои 11 беа целосно уназадување на Македонија, сега сме само на денови од добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ и на недели од добивање покана за полноправно членство во НАТО.

Постигнатиот Договор го зајакнува идентитетот, ги отвора евроатлантските перспективи на Македонија и е во согласност со врвните национални и државни интереси. Тоа ќе го потврдат и граѓаните на референдум на којшто ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Аросвски од ВМРО-ДПМНЕ.

imetosdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен