А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Договорот е патриотски чин

by А1он21/06/2018 - 14:59138
Share0

„Договорот е патриотски чин, го зајакнува идентитетот и ја обезбедува иднината, ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста

Добивај вести на вибер

Конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи и затоа продолжува да ја лаже јавноста со пласирање целосно лажни вести, измислици и дезинформации.

Химната и државните симболи не се дел од Договорот и вооопшто не биле дел од разговорите. Што значи дека ниту некој државен симбол се менува ниту пак нивната употреба е доведена во прашање, напротив.

Договорот го гарантира македонскиот иденитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван или негиран од другите и се отвораат евроатлантските интеграции кои се врвен национален интерес. Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш.

Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните наводи, да покаже елементарна одговорност пред граѓаните и државата и да престане да ја кочи македонската иднина.

Конечниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум. Убедени сме, граѓаните ќе кажат ДА, за македонската иднина, ДА за членство во НАТО, ДА за датум за почеток на преговрите за полноправно членство во ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен