СДСМ: Договор вреден 500.000 евра го поврзува телохранителот на Мицкоски со скандалот со криминалните парцели

Од:

„Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку луѓе кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра“, соопшти СДСМ.

„Истите парцели две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.

Истрагата треба да даде одговор на прашањето дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец?

Во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, овој скандал добива драстично поголема димензија бидејќи едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски е вреден 500.000 евра.

Јавноста заслужува и мора да знае каква е поврзаноста на Христијан Мицкоски со овој скандал.

Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор?

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?

Истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер