СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето

Од:

Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и Тетово. Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето, велат од СДСМ.

„Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето. Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречистителни станици. Буквално секој предлог на опозиција за еколошки проекти и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби. Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра