СДСМ: Додека провладините медиумите шират лаги, Македонија се гуши од загаден воздух  

Од:

„Воздухот во градовите ширум Македонија секојдневно е со огромни концентрации на штетни, канцерогени ПМ 10 честички.
 
Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.
 
Тоа значи дека половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.
 
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во  Битола, Тетово, Кочани, Велес, Кичево, Кавадарци изнесува 3 пати над дозволената граница.
  
Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
 
Цели 10 години провладините медиуми шират лаги, тераат пропаганда и водат медиумски хајки додека речиси цела Македонија се гуши од загаден воздух.
 
За три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, задолжени за ширење на владине лаги завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Заедно милионите на сметките на „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и ново објавените 4 милиони евра за сопственикот на ТВ Нова, тоа се неверојатни 20 милиона евра!

Да се инвестираа овие 20 милиони евра во заштита на животната средина граѓаните на Македонија немаше да дишат загаден воздух“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“