СДСМ: Додека Македонија слави за членството во НАТО со сочуван идентитет, Мицкоски се грижи за одбрана на криминалот

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски денеска пропушти шанса да им се извини на граѓаните на Прилеп за сето она осиромашување на граѓаните, за сето понижување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, особено кон тутунарите.
Токму тутунарите најдобро ја гледаат разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско управување на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога просечната цена на килограм тутун изнесуваше помеѓу 180 и 190 денари, годинава беше постигната рекордна цена од 217,5 денари за килограм тутун, а субвенциите беа покачени на 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата.

Додека Македонија слави за историскиот успех, за членството во НАТО со сочуван македонски идентитет, Мицкоски се грижи само за одбрана на криминалот. Судбината на Никола Груевски му е најважна на Христијан Мицковски, дури повеќе и од членството во НАТО.

Единствено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се одважија да им честитаат на граѓаните, а нивна главна политичка мисија е барањето за амнестија на криминалите направени од врвот на нивната партија.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого и секој што сторил каков било криминал ќе мора да одговора.

Наместо да измислува разно разни оправдувања ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да го деблокираат формирањето на Државна изборна комисија. Тоа е предуслов за одржување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за својата иднина.

Македонија оди напред без разлика на обидите за деструкција на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните нема да дозволат Мицкоски и деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Граѓаните велат ДА за влез во НАТО и почеток за преговори со ЕУ, граѓаните велат ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт