СДСМ: Доаѓа Влада на граѓаните, Груевски е во очај

Од:

„Граѓаните на Македонија го избраа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби и тие веќе ги одбранија интересите на Република Македонија.

Граѓаните избраа правда и живот и со тоа ги одбранија своите интереси и интересите на своите деца, кои ќе живеат во современа, стабилна и безбедна, праведна и правична, единствена Република Македонија.

Доаѓа Влада на сите граѓани: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други, што тоа ќе го овозможи.

Сите граѓани знаат дека Никола Груевски ги употребува своите последни сили да им наштети на нив и на државата, во очајните обиди да се спаси себеси.
Се виде дека се што тој тврдеше е лага. Нема федерализации, нема кантонизации, нема редефинирања.

Има само дефакторизација на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај.

Затоа власта во заминување е немирна, а граѓаните се спокојни.

Огромното мнозинство од над 612.000 граѓани се факторот на стабилност на Република Македонија.

Нема повеќе изолација на државата. Никој повеќе нема да се коцка со животите на граѓаните.

Граѓанска Република Македонија чекори цврсто напред и тоа е процес од кој нема назад“ соопштуваат од СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“