СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден после „црниот понеделник“ Вам ви се случува народ

Од:

„Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот, ниту Вие, ниту градоначалникот во заминување Марјан Ристески, со ваквите безидејни пресови, неможете да го сокриете стравот од реакцијата на прилепчани после „црниот понеделник“. Секој ден после „црниот понеделник“ Вам ви се случува народ. Реки од народ по прилепските улици!“, стои во реакцијата на СДСМ.

Вчерашниот протест, велат, на кој беше присутна пратеничката Радмила Шеќеринска, беше поддржан од над 5 илјади прилепчани! 5 илјади горди и одлучни жители на градот херој, а не „мајмуни“, како што Вие и Благородна Дулиќ ги нарекувате!

Се додека Марјан Ристески, Стевананџија, Лашкоска и останатите, не се извинат и оградат од навредата дека прилепчани се „мајмуни“, додека не се дистанцираат од режимот кој тепа сопствен народ за пари, прилепчани секоја вечер ќе излегуваат на улиците во се поголем број.
Прилепчани никогаш повеќе нема да бидат заложници на Груевски и Фамилијата! Прилеп заслужува развој и иднина, која се вика-Хари Локвенец! Затоа отпорот продолжува! Режимот ќе биде скршен! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски