СДСМ: До кога „Република“ ќе молчи за приходите од над 1.1 милион евра?

Од:

„Провладината „Република“ со денови не одговара на кој начин се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди, коишто очигледно не важат за провладините медиуми.

До кога „Република“, како и „Курир“, ќе молчи за милионските приходи?

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

“Република” и останатите медиумски курири на уредникот во заминување Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

Како им успева на овие медиуми да се стекнат со милионски приходи?

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Никола Груевски и фамилијата преку пропагандата на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Jавноста се уште очекува одговори како „Република“ се стекнала со милионските приходи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски