СДСМ до Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ стана база за постојано ширење лажни вести

Од:

„Антизападната ВМРО-ДПМНЕ стана база за постојано ширење лажни вести, партизацијата на институциите заврши, секој има еднакви можности за работа

Скапоцениот бел дворец на ВМРО-ДПМНЕ освен симбол на криминал, корупција и антизападна политика, стана и база за секојдневно ширење на лажни вести.

Партизацијата на институциите и нивната брутална злоупотреба беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Денес институциите се професионализираат и работата во интерес на граѓаните.

Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа.

Мерките на Владата обезбедуваат пред се’ професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни