СДСМ: „Дневник“ непрофесионално и тенденциозно сака да ја изврти вистината

Од:

Изборот на наднаслов и наслов на денешниот текст објавен во весникот „Дневник“ НОВ СКАНДАЛ НА СДСМ „ЗАЕВ СЕ ПАЗАРЕЛ СО СУДОТ ЗА ПРИТВОРОТ НА ШИПОВИЌ“ од авторите Лепа Ѓорѓиевска и Катерина Нешкова, е пример за непрофесионализам и тенденциозност, реагираат од СДСМ.

Не може поинаку да се протолкува ваквото однесување на весникот „Дневник“ затоа што никаде во текстот не се посочени аргументи што ќе го потврдат насловот на овој текст.
По се изгледа дека уредништвото на весникот го наметнало овој наслов за да и се нанесе штета на СДСМ и тенденциозно да се обидат да влијаат врз перцепцијата на јавноста со извртување на фактите и вистината.

Единствено нешто што Претседателот на СДСМ, Зоран Заев му предочил на Судот е дека солидарно го нуди својот имот и имотите на другите членови од раководството на партијата за да се дозволи Шиповиќ да се брани од слобода.

Ова впрочем е содржано и во самиот текст, дополнето со изјавата на Претседателот Заев:

„Не сакаме амнестија за Шиповиќ, апсолутно судот е растоварен од какви било предрасуди да работи. Бараме правичност и правда за секој од притворените и за секој осомничен досега и во иднина – изјави Заев.“

Заклучокот е едноставен, текстот на „Дневник“ го демантира насловот на „Дневник“.
Основна причина зошто Европската комисија воведе нов „бенч марк“ кој говори за потребата од медиумска култура и за почитување на новинарските стандарди е тенденциозно и непрофесионално однесување на одредени медиуми во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема