СДСМ: ДКСК да постапи по грубата партизација на работата на градоначалниците од страна на Мицкоски

Од:

„Секојдневно Христијан Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници. Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер“, соопши СДСМ.

„Изминатата недела во работно време градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти.

Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините.

Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?

Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?

Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата