СДСМ: Директорката на охридската градинката наметнува литература од издавачка куќа каде таа е соработник

Од:

Општинскиот огранок на Социјалдемократскиот сојуз од Охрид денеска обвини дека директорката на охридската градинка им наметнува на родителите нови трошоци за употреба на задолжителна литература иако во предшколска установа не смее да има задолжителна литература и тоа од издавачка куќа со која директорката соработувала.

Дополнително, директорката им наметнува на родителите нови трошоци за употреба на брошури, прирачници и друга задолжителна литература. Иако во предшколска установа не смее да има задолжителна литература. Да биде скандалот поголем, токму оваа литература е од Издавачката куќа EDUKA MAK PUBLISHING, каде директорката е соработник, коавтор и рецензент – истакна денеска советничкана на СДСМ, Оливија Пирузева Јанева.

Olivija Piruzeva Janeva

Таа го повика градоначалникот Бакрачески да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката „Јасна Ристеска“. СДСМ обвини и дека директорката без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневниот престој, за што А1он пишуваше пред неколку дена.

Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари. Исто така самоволно, преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата да се плаќа однапред, пред 1-ви во месецот. Имињата на дечињата за кои не е платено се објавуваат јавно, на списоци истакнати на влезот од градинката – додаде советничката Пирузева Јанева.

Директорката на охридската градинка Роза Костоска вели дека тврдењата на СДСМ биле неточни и дезинформации. Таа вели дека наплатата биле според Правилникот за цените и услугите за престој на децата во установата, за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Костеска демантира дека списоци се објавувале на вратите на објектите.

Околу користењето на стручната литература, Костеска вели дека според закон се препорачувале материјали кои би им помогнале на децата и биле одобрени со решение на министерот за образование и наука. За обвинувањата за соработката со издавачките куќи

Во интерес на децата, сите ние како директори во предучилишните установи сме вклучени во било која издавачка куќа со цел со нашето знаење и искуство да придонесеме за развојот на воспитно – образовната работа и исто така да придонесеме за збогатување на бројот на литература за деца од предучилишна возраст – истакна Костеска на денешната прес – конференција како реакција на обвинувањата од СДСМ.

Roza Kosteska

На новинарско прашање, Костеска одговори дека литературата не била задолжителна, но била предвидена со закон и дека не им ја наметнувале на родителите туку им нагласувале дека било пожелно да се набави таа литература за полесно да се спроведува програмата.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он

Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани