СДСМ: Диктатурата завршува со Груевски, демократските процеси се незапирливи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на ставовите на Никола Груевски искажани преку неговиот Фејсбук профил.

„Демократските процеси се незапирливи. Избран е новиот претседател на Собранието, согласно Деловникот, законите и Уставот. Согласно Уставот и законите следува и изборот на новата реформска Влада за којашто гласаа околу 700 000 граѓани, а денес ја поддржуваат многумина повеќе.

Дојде време Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се помират со реалноста.

Диктатурата за којашто зборува Никола Груевски заврши на изборите на 11 декември, кога мнозинството граѓани гласаа против неговиот режим, за промени.

Новата Влада носи живот за сите граѓани во Македонија, правда за сите, независни институции посветени на граѓаните во едно, демократско, европско општество во коешто граѓаните ќе имаат достоинствен и квалитетен живот“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски