СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокира Законот за наставници и стручни соработници, упорно работи на штета на граѓаните и образованието

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ знае само да кочи да блокира и да работи против интересите на граѓаните. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта“, велат од СДСМ.

„Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците.

ВМРО-ДПМНЕ се противи 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да застанат на патот на реформите во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту кој било друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски