СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

Од:

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4,4 oтсто, трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу четири отсто. Со ДПМНЕ на власт животниот стандард на граѓаните се намалува, власта се грижи за елитата и за нивните бизнис партнери а народот е оставен сам на себе, велат од СДСМ.

„Дури и последните најави од власта за некакви контроли за наводно намалување на цените во маркетите се покажуваат како уште една голема лага. СДСМ има детални информации од теренот. Во маркетите реалноста е дека само кај млекото има симболично намалување од неколку денари, додека кај другите производи нема никакво намалување.

Зејтинот е се уште со поскапената цена и се движи од 89 до 96 денари а во некои маркети иако се продаваше за 82 денари пред 2 месеци. Јајцата се повторно околу 100 денари, а чинеа 75 денари. Шеќерот, кашкавалот, се со поскапени цени, но исто така и леќата (169 денари), гравот (143 денари), оризот (135 денари) грашакот. Кај оние производи кои имаат иста цена пак забележано е намалување на грамажата. Ова е суровата реалност која секојденевно ја гледаат граѓаните во продавниците, додека се мачат како да врзат крај со крај, како да го поминат месецот, што ќе имаат на масата семејствата за јадење. Политиките на власта со така наречените „кошнички“ доживеа дебакл. Наместо намалување на цените и достапни производи, десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци. Власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби