СДСМ: Денеска против неправда ќе протестира Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар

Од:

Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ, симболот на политичкото насилство и реваншизам, да организира таканаречени протести против неправдата, реагира СДСМ, по најавата за денешниот протест на опозицијата.

„Денеска, против неправда ќе протестира Христијан Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар. Денеска против насилство ќе протестираат губитникот Мицкоски и неговите приврзаници , истите оние кои учествуваа во насилството на 27 април. Оние кои не само што што не го осудија насилството, туку насилниците ги величаат и ги нарекуваат уставобранители. Против кого ќе протестира денеска губитникот Мицкоски? Против осудените насилници Никола Груевски, Митко Чавков, Игор Југ, Горан Ѓошевски и Мунир Пепиќ?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се заглавени во режимско-насилничката матрица. Наместо оставка од Мицкоски како што вети тој продолжува да организира лицемерни протести кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Очајно и лицемерно е однесувањето на Мицкоски. Граѓаните знаат дека тој освен одбрана на криминал не може да понуд ништо друго и затоа три пати губи на избори и затоа останува уште долго во опозиција“, велат од СДСМ преку соопштение.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ