СДСМ денеска го бира новото раководство

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека денеска ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство, освен партискиот лидер.

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.

– Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира утре, рече лидерот на СДСМ.

На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по поразот на локалните избори, Филипче вели дека функцијата ја презел неодамна.

На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија