СДСМ денеска ги потврдува предлозите за новите министри

Од:

Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада. Седница на Извршниот одбор е закажа за 18 часот, по што во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.

Заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска, во изјава дадена пред божикните празници најави дека во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието.

Лидерот на СДСМ и мандатар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата.

Претседателот на државата Стево Пендаровски на Ковачевски му го врачи мандатот за состав на нова влада на 29 декември, по што почна да тече рокот од 20 дена, односно не подоцна од 20-тиот ден во кој мандатарот треба да го достави составот на новиот владин кабинет и на владината програма до Собранието. Ковачевски, по добивањето на мандатот, изјави дека планира владата да ја предложи околу 10-11 јануари, односно во пократок рок од уставно предвидениот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, лани, на новинарско прашање околу постапка за избор на нова влада, изрази надеж дека мандаторот нема да оди во крајните рокови и дека очекува таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он