СДСМ: Денеска е вистинска можност Груевски да го смени Тодоров

Од:

„Никола Груевски му дозволува на Никола Тодоров да го загрозува животот на пациентите и на лекарите.

Никола Груевски молчи за скандалите што го тресат здравството.

Денеска за жал има нов смртен случај на бебе во Битолската болница. Според Евростат 229 бебиња починале во 2013 година во Македонија.

Во Велес на интензивна нега син на пациент вербално нападнал лекар, во последен момент бил спречен инцидент.

Според последни информации и денеска директори назначени од ВМРО-ДПМНЕ под притисоци на Тодоров влечат хирурзи во операциски сали.

Млади хирурзи оперираат под стрес. Пациенти легнуваат под нож во стрес. Чекалните се полни со семејства под стрес.

Искусни хирурзи не оперираат.

Со нив, се солидаризираат лекари од повеќе градови низ Македонија.

Револтот кај лекарите е зголемен затоа што претседателот на Лекарската комора потпишал Спогодба што тие не ја виделе и не ја одобриле. Велат дека органите и телата на Комората не биле свикани, Спогодбата е партиски манифест на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и Никола Тородов ги спасуваат тендерите и сомнителните зделки во здравството наместо пациентите и лекарите.

По сите смртни и сомнителни случаи за време на министерувањето на Тодоров, поради се што им направи на лекарите и пациентите, граѓаните велат доста е.

Денеска е вистинска можност Никола Груевски да го смени Никола Тодоров“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија