СДСМ: Денешното сликање на Трајановски со атмосферска канализација е најголемата навреда за скопјани

Од:

„Во 2015 година Коце Трајановски се фали со изградба на атмосферска канализација во сред Скопје. Трагично за главен град на европска држава.

Да не беа спомениците на лавови, фонтани, барокни фасади и останатиот раскош и луксуз на Никола Груевски и Коце Трајановски, атмосферската канализација на ул. „Боца Иванова“ во Скопје ќе беше одамна изградена.

Не само тоа, туку ќе беше изграден и водоводот во Шуто Оризари, како и средното училиште во Сарај. Да не беше опсесијата на Груевски со Скопје 2014, и да не беше послушноста на Коце Трајановски, со над пола милијарда евра кои ги фрлија во ветер, денес цело Скопје ќе имаше и водовод и атмосферска канализација.

Денешното сликање на Коце Трајановски со атмосферска канализација е најголемата навреда за скопјани. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО