СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Денешното ставање камен-темелник на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 уште еднаш ја разоткрива целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Токму проектот со „Бехтел и Енка“ што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал“, денес со гордост го промовираат. Ако е „историски криминал“ дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал? Едно е јасно, лицемерието на ДПМНЕ нема граници, но сепак добро е што продолжува реализацијата на стратешки проект на СДСМ, тврдат од партијата.

„Подготвителните работи, вклучително геомеханички истражувања, проектирањето, усвојување на инфраструктурниот проект и обезбедување финансиски план за оваа делница од 17 километри, беа започнати токму во времето на претходната влада на СДСМ.

Делницата е дел од вкупно 110 километри што ги опфаќа стратешкиот договор со Бехтел и Енка за кој ВМРО-ДПМНЕ велеше дека е криминален. Од пат со широчина од 17 метри, СДСМ ја предвиде и почна реализацијата на модерна автопатска делница широка 27 метри – вистински инфраструктурен напредок. СДСМ инвестираше, градеше, ВМРО-ДПМНЕ кочеше. Но вистината секогаш излегува на виделина. После 10 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој инфраструктурен проект, единствено што прави е да ги доврши проектите на СДСМ, се нагласува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид