СДСМ Дебрца: Советот на општината со декларација да ја потврди изразената волја на граѓаните против регионална депонија

Од:

„Во врска со предлогот на Градоначалникот на Дебрца за референдумско изјаснување на граѓаните за регионалната депонија и седницата на советот на општина Дебрца, закажана за ден 25.07.2017 година сметаме дека ставот на граѓаните против регионална депонија во Дебрца е кристално јасен и нема потреба да се препроверува на референдум.

Потполно ја разбираме загриженоста на граѓаните на Дебрца и ја поддржуваме секоја форма на изразување на нивното незадоволство, но цениме дека одбраната на еколошка Дебрца треба да оди според логичниот редослед на правни чекори.
На утрешната седница ќе побараме советот на општината, како претставнички орган на граѓаните да ја потврди и спроведе волјата на граѓаните на Дебрца и да го отфрли предложеното решение од Студијата, за Годивје и Дебрца како локација на регионалната депонија.
За таа цел, советниците од СДСМ до Претседателот на советот на општината доставија предлог-Декларација за реафирмирање на стратешката определба на општина Дебрца како подрачје со чиста и заштитена животна и природна средина, сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, еколошка благосостојба и за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување со отпад во Југозападниот плански регион .

Ги повикуваме сите советници, по расправата по текстот на Декларацијата, истата едногласно да се донесе, со што советот на општината ќе манифестира надпартиска сплотеност и единство по ова прашање .
Се друго ќе го сметаме за груба политичка манипулација со граѓаните на Дебрца“ се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните