СДСМ: Данела со бугарско државјанство да излезе пред граѓаните да не се крие зад лажни соопштенија

Од:

Од СДСМ бараат кандидатката за градоначалничка на Скопје да излезе пред граѓаните, а не да се крие зад соопштенија.

„Наместо да се крие зад лажни соопштенија на нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да признае дека има државјанство на Република Бугарија.

Официјални документи потврдуваат дека кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има бугарско државјанство.

Во документот „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.

Тоа е вистината која ниту едно нервозно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја демантира.

Цели десет години, Данела Арсовска има резервна татковина.

Таа не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

Странски инсталации како Данела, кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.

Скопјани нема да дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот.

На 31 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат број 12, за Петре Шилегов, за да продолжи напредокот на Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?