СДСМ: Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и таа ја криела исто како бугарското државјанство

Од:

Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти велат во соопштение од СДСМ.

-Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на петти мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта. Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет се вели во соопштението од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски