СДСМ: Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски стои зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“. Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19?“, прашува СДСМ.

„Дали за него убијци се оние кои повеќе од една година се на првата линија на фронтот давајќи се од себе во борбата против коронавирусот?

Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје.

Токму поради ваквото нечесно, несериозно делување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби