СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

Од:

Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси.Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, Владата зад затворени врати подготвува потпишување на нелегален меморандум за соработка, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Сите развиени земји од ЕУ го спроведуваат јасниот план за намалување на употребата на природниот гас во домаќинствата. Го прашуваме премиерот и министерот за енергетика: Зошто се заобиколува членот 94 од Законот за енергетика, кој јасно налага изборот на партнер за изградба на дистрибутивната мрежа да се врши преку транспарентна тендерска постапка?
Чии интереси ги штити власта кога за стратешки партнер избира компанија која веќе е фатена и откриена во истраги за поткуп и сомнителни зделки? Дали власта спрема огромна курпција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана? Дали имате направено анализа за потребите од електричната енергија како и од природниот гас, со потребните сценарија како би се реализирала инвестицијата? Дали подготвивте Стратегија за развој на енергетиката за следните 20 години, што ви е обврска по законот за енергетика. Што доколку граѓаните не сакаат да се приклучат на природен гас, имајќи во предвид дека, сите релевантни анализи покажуваат дека овој енергенс е најскап за користење за граѓаните. Бараме: Итно и неотповикливо откажување од намерата за потпишување на каков било меморандум со споменатата компанија. Целосна транспарентност за сите досегашни преговори и активности поврзани со овој проект. Безусловно почитување на законот и јавна дебата за развојот на енергетскиот сектор, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски