СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Од:

Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални координатори за решавање на различни прашања. Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други. Сега за секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор, велат од СДСМ.

„Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите? Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетити и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ. Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, дава согласност за да се вработуваат партиски кадри. СДСМ препорачува Кочовска да не се мачи со гасење светла и штедење на кафе во министерството. Доволно е Влатко Ѓорчев да не е вработен на државен трошок кој годишно ја чини државата околу два милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар