СДСМ: Ако власта на Груевски навистина и мисли добро на државата, нека прифати формирање техничка влада

Од:

„Трајко Вељаноски најмалку што може да направи е да се срами да и се обрати на опозицијата и да бара од неа да се врати во Парламентот.

Трајко Вељаноски по команда на Гордана Јанкулоска, на 24 декември 2012 година, прекршувајќи Устав, закон и Деловник исфрли пратеници и новинари од Собранието.

Вељаноски по директива на Никола Груевски, по изборите годинава, насилно верификуваше мандати на опозициските пратеници, повторно кршејќи Устав и закони.

Дали тој Трајко Вељаноски кој е маша во насилното владеење на Груевски, сега се претставува душегрижник за евроинтеграциите на државата?

8-годишното недемократско владеење на Никола Груевски нанесе непоправливи штети на угледот на Република Македонија и на евроинтеграциите на земјава.

Ставот на СДСМ е јасен. Нема враќање во Парламентот.

Ако власта на Никола Груевски навистина и мисли добро на државата, нека прифати формирање техничка влада којашто ќе спроведе слободни и фер избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?