СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање политичка партија

Од:

Вчера се објавија инфрмации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија. Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко велат во соопштение од СДСМ.

– Оттука логично се поставува прашањето дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага? Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко? Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата