СДСМ: Дали Сашо Мијалков поминал низ контрола или не?

Од:

„Толку е „доблесен“ Никола Груевски што го потврди скандалот со неговиот братучед, Сашо Мијалков, приведен на белградскиот аеродром поради пиштол во торбата.

Сега за двајцата „доблесни“ братучеди недостига уште „доблесен“ расплет на случајот Мијалков со пиштол. Веројатно „доблесниот“ Мијалков ги знае законите за носење и пријавување оружје на излез и влез од државата.

-Ако овој „доблесен“ граѓанин, поранешен директор на УБК, Мијалков, заборава пиштоли по торби, колку често тој минува граници со пиштоли во торбите како шериф?

-Што `се друго „доблесно“ изнесува и внесува Мијалков во неговите куфери?

Холдингот ТАВ што управува со аердромот во Скопје е должен на јавноста во Македонија да и објасни:

-Дали Сашо Мијалков поминал низ контрола или не?

-Кој го дозволил тоа, ако не?

-Дали при други патувања му вршеле контрола на Мијалков, како и на сите други граѓани?

ТАВ и надлежните служби, полиција, царина… ги должат овие информации на јавноста во Македонија.

Инволвираните во инцидентот и оние кои кријат информации ќе мора да понесат одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски